Теодоракис: Гласањето за преспанскиот договор е злосторство

Во пресрет на утрешниот митинг против Договорот од Преспа и најавената ратификација во грчкиот парламент, се огласи и грчкиот композитор Микис Теодоракис со апел  до пратениците „да не продолжат со ова злосторство на сметка на Грција“.



Во отвореното писмо во „Та Неа“ тој предупредува дека „штетата што ќе ја направите ќе биде непоправлива“ , но и дека историјата ќе биде немилосрдна.

Мицотакис потсети дека пред точно една година на протестот на плоштадот Синтагма во Атина беше побарано да нема отстапки на штета на на Грција.

„ Владата ги игнорираше опасностите за грчкиот народ и без никаква причина одлучи да продолжи по секоја цена. За едно прашање каде што немаме апсолутно никаква причина да сенавраќаме, прашање кое не треба да се реши “, бидејќи за Грција е решено “ вели Теодоракис во писмото.

Тој смета дека Договорот ја загрозувал Грција а дека „Скопје не престанува официјално да зборува за ‘македонска’ нација, ‘македонски’ јазик и ‘македонски’ идентитет, и официјално го крши дури и Преспанскиот договор.