Ниами цела година се прашува како ќе функционира Законот за јазици

Една година откако јавно постави дилема поврзана со процентот врз основа на кој ќе се спроведува законот за јазици македонистот и лектор по македонски јазик Емил Ниами нема добиено одговор на неговото прашање.



“Уште еден фелер на Законот за употреба на јазици се огледа во тоа што никаде не е наведено врз основа на што ќе се пресметуваат тие 20%, односно дали тоа ќе биде пописот од 2002 година или некој претходен.

Во принцип, мора да има некоја појдовна точка, односно основа, како на пример „среден курс на евро на денот на плаќање“.

Вака личи како некоја врачарка да ќе ни кажува врз основа на што се пресметуваат тие 20%. Згора на тоа, не е јасно што ако има промена во иднина и овој процент се намали. Ќе престане ли неговата примена?

Тоа, сепак, би значело фрлени пари од џебот на граѓаните”, напиша лани во јануари лекторот по македонски јазик Емил Ниами.

И по стапувањето во сила на законот без потпис од претседателот Иванов, Ниами се уште нема одговор на своето прашање.