Саше Политико употребил нож во конфликт со сопругата

Еден од главните лагери во пропагандната машинерија на власта новинарот Саше Ивановски Политико во расправии со сопругата употребил нож.



Според билтенот на МВР и неговата сопруга исто така користела нож во конфликтот со Политико.

Во билтенот на МВР стои дека на 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23,07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје.

МВР објави дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Откако полициската патрола посведочила за настанот Ивановски бил приведен.

Ивановски е сопственик на провладиниот портал мактел.мк кој важи за еден од главните медиуми на владината пропагандна машинерија.

Предходно Ивановски во Охрид беше фатен од МВР како вози автомобил за кој не била платена царина.