Дваесет и една година по неговото бегство од грчки затвор каде што отслужуваше казна за трговија со дрога, озлогласениот дилер Огњан Атанасов наречен бугарски „Ескобар“ денеска е вратен во притвор во Солун за да се соочи со нови обвиненија за злосторства откриени по неговото бегство во 1990-тите.



56-годишниот бугарски државјанин беше осуден на 18 години затвор за трговија со 2.5 килограми хероин во 1995 година и му беше наредено да ја издржува казната во затворот „касандра на полуостровот Халкидики. Сепак, успеал да избега во 1998 – во Бугарија, пишува „Катимерини“.

Осомничениот, познат на полицијата како „Бугарски Ескобар“ и „Фантомот од долината Струма“, беше изведен пред обвинителво Солун попледнево во врска со седум потерници по него.

Атанасов ќе остане во затвор додека не му се суди во врска со новите обвиненија за шверц со дрога.

Не е јасно дали ќе треба да го отслужи и остатокот од претходната кзатворска казна.

Пред неколку дена на албанската полиција и се предаде Клемен Балили наречен ,,Балакански Ескобар” кој е организатор на меѓународниот шверц со дрога од Албанија во странство.