Професорот Јове Кекеноски поднесе иницијатива за оцена на уставноста на законот за употреба на јазиците во која ја оспорува содржината на Законот, но и постапката со која беше донесен.
Во иницијативата тој укажува дека при донесувањето на ЗУЈ требало да има двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, а не само 69 гласови и притоа да има мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија.
Спорно е според Кекеновски што Законот не е потпишн од претседателот, туку само од собранискиот спикер, Талат Џафери.





