Џејмс Петифер, професор по балканска историја на колеџот „Светиот крст“ во Оксфорд, смета дека Законот за употреба на јазиците во Македонија е неуставен.
„Мислам дека мнозинството странски академици што ги изучуваат регионот и неговата историја би поддржале бојкот. Законот како што е составен ми изгледа неуставен“, напиша Петифер на својот профил на Твитер како реакција на насловот на напис од Независна балканска новинска агенција (ИБНА) „ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го бојкотираат Законот за јазиците, СДСМ реагира“.





