Службениот албански ќе чини 106 милиони денари?

Законот за употреба на јазиците ќе предизвика фискални импликации во износ од 106 милиони денари, кои ќе се обезбедат од Буџетот на Република Македонија, пишува порталот „Академик“.



Во Законот е пропишано дека на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик покрај македонскиот и кирилското писмо, друг јазик е оној „што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните е службен јазик и неговото писмо (албански)“.

„Согласно ова,  називите на институциите, како и сите други институции и нивните подрачни единици во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и во Скопје, ќе се напишат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо како и на англиски јазик. Називите ќе бидат со иста големина и фонт, при што називот на македонски јазик и писмо ќе биде напишан прв“, пишува „Академик“.

Ова ќе се примени и во подрачните канцеларии на органите од државната администрација, понатаму за  печатите  на институциите, а  институциите „ ќе овозможат и придонесат во работата  ефективно да се користат, употребуваат и применат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо“.