Законот за јазици – тест за Уставниот суд, вели Мицкоски

Заев и Џафери извршија атентат врз Македонија, оцени лидерот на ВМРО-ДПМНЕво синоќешното гостувае на ТВ Алфа.



„Вчера гордо, на социјалните мрежи, Талат Џафери заедно со луѓето кои се дел од ДУИ и се функционери  во Владата на своите ФБ профили на социјалните медиуми објавувајќи  знаме на соседна држава го славеа она што го направи претседателот на Собранието. Противуставното потпишување на закнот за јазици, денеска доби продложение,  кога директорот на Службен весник го објави указот. Со тоа пред себе си создадоа алиби дека законот е во употреба и правосилен, рече Христијан Мицкоски во емисијата „Отворено“.

Тој смета дека честитоста и стручноста на Уставниот суд сега е доведена во знак прашалник, и дека очекува тој да се изјасни околу објавувањето на Законот за јазиците бес потпис на претседателот на државата. Но, и дека ВМРО-ДПМНЕ има право да покрене иницијатива.

„Кога вие ќе поднесете една ваква иницијатива за оценување на уставноста на еден ваков закон и кога сите правни експерти во државата ви велат дека ако Уставниот суд поставува по правото, законите и Уставот се разбира дека ќе го прогласи како неуставен овој закон и ние како политичка партија апсолутно го имаме тоа право да го направиме и ќе го направиме во периодот којшто следи, истакна Мицкоски.

Тој потсети и дека за време на парламентарните избори во 2016 година, ВМРО-ДПМНЕ јасно и гласно на граѓаните им кажа дека ќе дојде до ова што е денес.