Москва не се меша во внатрешните работи на Грција, но ќе продолжи да ја искажува својата позиција за прашања што се во домен на Советот за безбедност на ОН, одговори руското Министерство за надворешни работи на вчерашната изјава на грчкото МНР.
Грчкото Министерство за надворешни работи го критикуваше руското Министерство за своето соопштението во понеделникот во кое се најавува дека прашањето за името на Република Македонија треба да го разгледа Советот за безбедност на ОН и дека во Грција се „промовира Преспанскиот договор, игнорирајќи го ставот на грчките граѓани“.
„Не се мешаме во внатрешните работи на Грција, но за оние прашања што спаѓаат во доменот на Советот за безбедност на ОН, Русија ќе ја изразува својата позиција“, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, Александар Грушков.





