Потпретседателот на СДСМ и пратеник Мухамед Зекири, преку Фејсбук и порача на ДУИ да не се кити со туѓи перја кога станува збор за законот за јазиците.
Според Зекири кој се споменува и како консензуален кандидат за претседател тврди дека „заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите.
„Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отворање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество” за сите!!!
Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“, напиша вториот човек во СДСМ Мухамед Зекири, на својот Фејсбук профил.





