Најголемиот македонски жив уметник со поддршка за Столе, Борко, Кире и другите ракометари

Во екот на јавните препирки околку ракометниот национален тим кому симпатизери на СДСМ му забрануваат да ја пее “Бисер Балкански” а сервисот на албански јазик на МТВ го навредува Столе Стоилов, најголемиот македонски жив уметник со свој став за Лазаров, Ристовски, Стоилов и другите.



Маестро Трпчевски кој е на светска турнеја за проектот “Македонисимо” излезе со директна поддршка за националниот тим кој се бори за подобар пласман на светското првенство и за настап на олимпијада.

“Пред престојниот настап во Чикаго за поддршка на македонскиот ракометен тим на светското првенство во ракомет 2019”, напиша Трпчевски на социјалните мрежи.

Иако е сосема нормално секој граѓанин да ја поддржи својата репрезентација не се исклучува и Трпчевски да биде вербално нападнат од приврзаници на власта и граѓани Албанци за поддршката на ракометарите особено за Столе Стоилов.

Трпчевски споделува текст на американски медиум насловен “Трпчевски го вее знамето за поддршка на неговата татковина, Македонија”.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10158086791729377&id=25901909376