„Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание,
напиша професорката и поранешен пратеник на СДСМ, Каролина Ристова-Астеруд, реагирајќи на објавувањето на Законот за употреба на јазиците во „Службен весник и без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов.
„Реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон, кој не е “контроверзен” туку апла повреда на Рамковен и Уставот, ама баш апла, плус и на други уставни одредби“, препорачува Астеруд.
„Нека пробаат да казнуваат, врз основа на што? На недефинирани деликти? Со какви санкции, со некакви кои одат до перверзна диспропорционалности преставуваат сурово и невообичаено казнување? По двата основа може тужби до Стразбур. Како и немање почек, и тоа нигде го нема. Законот допрва на Уставен, а за него треба реакции и кај гарантите на Рамковен и до сите институционални играчи надлежни за проширувањето.
Ова овде не завршува! – напиша Астеруд на Фејсбук.






