И бранителите на неуставноста молчешкум веднат глава

Етномузикологот Велика Стојкова Серафимовска која е единствен македонски експерт на ОН за нематеријално културно наследство го опишува однесувањето на луѓето што го поддржуваат Заев и неговата влада во промена на името и воведувањето двојазичност.



Таа од бранителите на неуставноста бара образложение на ова што и се случува на Македонија.

Истовремено таа бара совет како да одговори на прашањата кои доаѓаат од светот во кои експерти прашуваат дали е точно дека Македонија го сменила името.

“Поминуваат деновиве, измешани ни се емоциите на сите… дополнително приметувам дека дури и тие кој се согласуваат со ова фијаско не даваат конретно објаснување, туку молчешкум веднат глава и велат „ќе помине, ќе се среди“, притоа не те гледаат во очи, ама не пропуштаат да ме потсетат да „се приберам“…

Еве кажете ми што да им одговорам на моите колеги од цел свет, колеги кои се сериозни научници, професори на универзитети, со сите титули и искуство во антропологија, етнологија и социологија, и кои изминативе три дена ми праќаат прашални пораки од типот: „We are thinking about you, how are you?!” “What is happening in Macedonia?!” “Did your government changed the name of your country against the will of the people, we followed the Referendum?!” и многу други загрижувачки пораки.. Еве, што да им одговорам?! Дајте ми логично, разумно, реално образложение не во однос на северна.. не во однос на двојазичноста, дајте ми образложение за кршењето на сите закони и правилници. Барем да имаме некакво, некакво правно образложение. Ајде, бранители на неуставноста, дајте ми одговор… или јас сепак треба „да се приберам“ …”, резигнирано прашува Стојкова – Серафимовска која беше дел од движењето За заедничка Македонија.