“Министерот за одбрана” Борко Ристевски со 20 одбрани беше јунак во првата битка на македонските ракометари на глобалниот ракометен собир.
Македонија тргна со лесна победа (37:28) против Јапонија во првото коло во групата Б на 26. Светско првенство за ракометари во Германија и во Данска.
Освен водството на Јапонците од 4:3, избраниците на селекторот Раул Гонзалес доминираа во текот на целиот меч против домаќинот на Олимписките игри во 2020 година.
Капитенот Кирил Лазаров беше најефикасен а одлични беа и Манасков, Пешевски и Талевски.





