Организацијата на Македонците што живеат и работат во Малта ги повика сонародниците од Македонија да излезат на протест пред Собрание во 15 часот, за кога е закажано продолжението на седницата за уставните промени.
„Македонската заедница во Малта ги повикува сите Македонци во 15:00 часот да излезат пред Собранието на Р.Македонија на протест против преименувањето на името во СЕВЕРНА!
Ние Македонците од дијаспората рамо до рамо стоиме со нашите браќа во татковината и рамо до рамо се бориме со сите средства и сили со цел спречување на разнебитувањето на Македонија .
Апелираме до сите пратеници од оние 80 одродени да се вразумат и да не гласаат денеска на седница!
МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!
#ЕдноИме#СамоМАКЕДОНИЈА#НИКОГАШСЕВЕРНА





