Пресврт: Панчо Минов ќе одлучува за уставот и Северна Македонија

Премиерот Заев најавува дека пратеникот на ГРОМ Панчо Минов ќе гласа за промена на уставот



“Вграден е на три-четири пати во амандманите со неговата креативност во предлозите и тоа ќе биде составен дел во новиот Устав доколку се изгласаат ваквите уставни амандмани и уставниот закон”, изјави Заев за Минов.

Запрашан дали осумте пратеници го поддржуваат барањето на Беса, премиерот Заев не одговори конкретно.

Рече дека ако не бидат изгласани уставните амандмани во Собранието, ќе следува централен одбор на СДСМ на кој биде понесена одговорност.

„Деновите се броени, денеска треба да се гласа првиот амандман, ако не се гласа, одговорноста ќе си ја понесеме сите за процесот. Ако се изгласа среќата ќе ја споделиме. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ние ставивме сѐ на оваа карта. Верувам до небото во овој процес, од непроценлива важност е за сите граѓани. Но на крај одговорноста е на пратениците“, изјави Заев.