Заев и Талат се уште без 2/3, седницата пак одложена

По вчерашното одложување и денеска власта има проблем да најде 80 пратеници за промена на уставот.



Седницата на која треба да се расправа за уставните измени наместо во 13:00 часот, Собранието ќе ја продолжи во 15:00 часот.

На дневен ред се предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија, како и предлог-уставниот закон за прогласување на амандманите, што претствува трета и последна фаза од процесот на уставните измени кои произлегуваат од Преспанскиот договор.