Умерени врнежи од снег од само неколку сантиметри денеска беа доволни за крајно небезбедно возење на неколку главни патни правци во Македонија.
Според фотографиите, лизгав е коловозот и на новиот автопат Демир Капија – Смоквица, кој важи за најмодерна македонска патна делница.
Сериозни проблеми има и на регионалниот пат Битола – Прилеп.

И двете делници, според фотографиите, воопшто не се исчистени од механизацијата на „Македонија пат“.
Оваа година јавното претпрајатие за одржување на патиштата е со најлоши услуги во текот на зимата.
Директорот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу од ДУИ, тврди дека претпријатието прави сè што може за чисти и безбедни патишта.






