Не го продавајте македонското – Пред Собранието протести против промена на името

Во организација и со поддршка на повеќе организации денеска пред Собранието се случуваат протести против промена на уставното име.



Луѓето кои се собраа пред Собранието велат дека се подготвени до одат до крај со нивните протести и барања.

“Ќе и порачам на полицијата дека ни ја делат улицата. Оваа е наша улица. Не треба да ги брани тие 120 предавници. Го повикуваме и Иванов да протестира со нас. Да ги предупреди и да не го продаваат македонското” вели Драган Угриновски од „Македонија блокира“ за порталот Лидер.

Демонстрантите кои протестираат денеска пред Собранието против уставните измени го повикаа претседателот, Ѓорге Иванов, да им се придружи.

Зад протестот стојат здруженијата „Tврдокорни” и „Македонија блокира“.