Ќе го притисне ли Меркел Мицотакис за Договорот од Преспа

 Иако Берлин не го потврдува тоа, грчките медиуми објавија дека Договорот за името ќе биде една од темите на разговорите на канцеларката Ангела Меркел со грчките политичари. Германската влада го поздравува договорот и се надева дека ќе го реши деценискиот спор пишува германскиот „Тегесшпигл“.



Грчката влада, според весникот,„ се надева дека посетата на Меркел, ќе ја доведе опозициската Неа демократија во тешка позиција, како сестринска партија на конзервативните христијанско-демократска и христијанско-социјалистичката партија во Германија со кои заедно членуваат во Европската народна партија. […]

Скопје и Атина отфрлат дека се под било каков притисок од Запад околу ова прашање.

Меркел на 10 и 11 јануари ќе претстојува во Атина и најавени се посети со премиерот Ципрас, претседателот Павлопулос и со лиерот на Неа Демократија, Кирјакос Мицотакис.

Во Атина со внимение се следи текот на настаните околу финалната фаза на уставните измени во Скопје .

Според портпаролот на грчката владата Димитрис Ѕанакопулос, по гласањето за измените, Атина, односно премиерот Ципрас ќе може да преземе чекори поврзани со преспанскиот договор – по 18 јануари.