Груевски: СЈО ми нудеше да бидам соработник и да се спасам

Поранешниот премиер на Република Македонија, Никола Груевски, кој речиси два месеци е во Будимпешта каде доби политички азил од Владата на Унгарија преку негов пријател открива детали за причините поради кои избегал.



Во разговор за инфомакс.мк, лице блиско до Груевски изјавил дека екс-премиерот признал дека му била нудена ослободителна пресуда доколку ги прифател понудите од СЈО да им стане соработник и даде јавна поддршка за договорот со Грција.

Како што истакнал тој, надвор од работното време бил повикан во обвинителството на Јанева, каде му било понудено да стане нивни соработник и како што вели тој да им помогне невини луѓе да станат виновни, а во прв ред Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, Гордана Јанкуловска и уште 2-3 други лица, со давање до знаење дека СЈО на секој начин ќе го заштити него.

Тој посочил и дека минатото лето и непосредно пред неговото заминување во ноември, имал конкретни понуди поврзани со негова јавна поддршка за договорот со Грција или евентуално негово убедување и обезбедување неколку пратеници да гласаат за промената на Уставот, тоа од Груевски било одбиено.

Поранешниот премиер ги демантирал и наводите дека премиерот Зоран Заев му помогнал да избега, велејќи дека тој него би го удавил во капка вода, а не пак да му помогне да ја напушти државата.

Целата информација на инфомакс.мк

РАЗГОВОР СО ГРУЕВСКИ, ЕКСКЛУЗИВНО ЗА „ИНФОМАКС“: Заев да може би ме удавил во капка вода, а не пак да ми помогнат да ја напуштам земјата!