Пратеник на „Независни Грци“ ќе гласа за преспанскиот договор!?

Танасис Папахристопулос, пратеник на „Независни Грци“ призна дека  не се согласува со противењето на договорот од Преспа и дека е подготвен да ја напушти партијата.



Тој  рече дека ќе го поддржи договорот во грчкиот парламент, наспроти ставот на партијата на Панос Каменос која се противи на терминот „Македонија“ во името на северниот сосед.

Папахристопулос викендов имал средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас , кој пак се труди да обезбеди 151 пратеник за изгласување на Договорот.

Доколку „Независни Грци“ не го поддржат, во „игра“ е можно добивање 6 гласови од партијата „Потами“, оценуваат грчки медиуми.

Доколку биде исфрлен од партијата заради поддршката на договорот, Папахристопулос вели дека ќе го отстапи пратеничкото место, истакнувајќи дека неговото разрешување ќе биде „подарок“, пренесе „Катимерини“.