Апасиев: Ниедно не-право не може да роди право

„Доколку противправно се смени уставното име на Републиката, ќе следуваат денови на национална потиштеност и апатија кај народот, кој ќе биде фрустриран од тоа што не успеал да спречи една марионетска и вазалска власт, која е слуга на империјалните интереси на западот, да му направи ненадоместлива штета.



Но, сепак, и во такви неповолни историски услови – ситуацијата не е безизлезна, затоа што во правото – уште од времето на Римското право па до денес – постои општоважечката максима дека ‘ниедно неправо не може да роди право’“, вели професор Димитар Апасиев во интервју за порталот „Лидер“.

Апасиев вели дека оттаму, секоја наредна влада на Република Македонија  согласно Виенската конвенција за договорно право [1960], ќе има правна можност да го раскине, односно еднострано да го поништи овој екстремно штетен и квислиншки т.н. Преспански договор меѓу Коѕијас и Димитров – и тоа по повеќе правни основи.

Според Апасиев според чл. 50 од оваа Конвенција, корупцијата т.е. „подмитувањето на претставник или на претставници на било која договорна страна“ претставува правовалиден основ за поништување на еден веќе склучен меѓународен договор.

Целото интервју за Лидер на следниот ЛИНК