Заменикот министер за животна средина Јани Макрадули ги отфрли информациите за судир на интереси затоа што фирмата во која еден од сопствениците е неговата сопруга добила 9 договори за јавни набавки.
„Не станува збор за судир на интерес, не сум прекршил никаков закон ,некој што сака мене да ме оцрни злопотребува чесни луѓе кои работат 30 години“.
Компанијата „Опен мајнд солушнс“ каде еден од сопствениците со 25 отсто е Маја Трендафилова Макрадули, сопругата на заменик министерот Јани Макрадули, добила девет тендери вредни околу 90 илјади евра во периодот додека тој ја извршува функцијата во министерството за животна средина.





