Обвинителот Јовески да не ги затвора очите пред издавање државна тајна

Професорот Јове Кекеновски јавно го повика државниот обвинител Љубомир Јовески да не поддржува селективна правда и да не ги игнорира информациите поврзани со издавање на државни тајни од страна на високи државни функционери.



Иако последна информација за можно издавање на класифицирани информации дојде деновиве од првиот човек на СЈО Катица Јанева кога дозволила во документарен филм за обвинителството да биде објавен заштитен документ Кекеновски зборува за аферата „Никилис“ во која организацијата Викиликс објави дека министерот за надворешни работи Никола Димитров откривал специфични информации за името во американската амбасада во Скопје во 2008 година.

„Немој да ги затварате очите и ушите пред издавањето државни тајни од страна на високи функционери во власта. Законите мора подеднакво да важат за сите па дури во моментот и да се на функција министер. Имате јасни факти и докази. Ваша обврска е да постапите според законите“, му пишува професорот Кекеновски на обвинтелот Јовески за откритето дека Димитров бил заштитен сведок на САД.

Линк до аферата „Никиликс“ на која алудира Кекеновски

Викиликс: Министерот Димитров бил “Заштитен извор” на амбасадата на САД

За Документот кој е објавен во документарецот за СЈО

Направила ли Катица Јанева кривично дело оддавање државна тајна?