„Се надевам дека и ние ќе успееме да преземеме некои добри одредби од Преспанскиот договор.
Не би смеел, сепак, да кажам дека тоа е модел, бидејќи релациите меѓу Косово и Србија се поинакви“, вели косовскиот премиер Рамуш Харадинај во интервјуто за МИА што треба да биде објавено утре.
Харадинај вели дека односите меѓу Косово и Србија се битни и дека цел е „постигнување сеопфатен договор, бидејќи меѓу Белград и Приштина има долга листа на работи за кои мораме да се договориме: од воена отштета, сукцесијата, трговијата и политиката, правата на српската заедница која живее на Косово, верските и сите останати права…“





