Согласно Одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесена на 22.12.2018 година, а врз основа на член 17 точка е) од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ се објавува Јавен повик за пријавување на кандидатура до Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избори на кандидат за Претседател на Република Македонија за Претседателските избори 2019 година.
Според конкурсот опозицијата најверојатно нема да оди со независен кандидат кој може да привлече и луѓе надвор од традиционалното гласачко тело на ВМРО-ДПМНЕ.
Речиси извесно е дека дел од кандидатите, независни интелектуалци и активисти кои не се членови на партии а кои се споменуваа во јавноста како кандидати на евентуална здружена опозиција нема да се пријават на партискиот повик на ВМРО – ДПМНЕ.





