Царовска: Неформалниот сопруг поседува 25 м2 гаража и нива од 1000 м2

Министерката за труд и социјала реагира по написите дека нејзиниот неформален сопруг добил 3 бизниси од владини институции.



Царовска обвини дека опозицијата манипулирала но таа во реакциите не одговара на написите на медиумите според кои нејзиниот неформален сопруг добил три бизниси од државата.

За таа работа Царовска не кажува ниту збор туку се фокусира на ВМРО-ДПМНЕ иако прво информацијата ја обиавија медиуми.

“ВМРО-ДПМНЕ манипулира преку погрешно толкување на законите. Јас уредно го имам пополнето имотниот лист. Во најбрз можен рок ќе го пријавам и имотот на мојот неформален сопруг, иако не сум законски обврзана. Тој има една гаража од 25 м2 и една парцела земја во кочанско од 1000м2”, стои во реакцијата на Царовска.

Причината за реакцијата на министерката.

Економски лидер: Невенчаниот сопруг на министерката Царовска добил 3 “државни бизниси”