Премиерот Заев утре ќе се сретне со Билал Касами и ќе ги разгледаат барањата на БЕСА кои се услов, неговата партија да гласа за уставните измени. Заев вели дека ја гледа позитивната страна на целата ситуација и дека опозиционите партии на Албанците се поддржувачи на европскиот пат на Македонија, пренесува Алсат М.



Премиерот не може да потврди дали има обезбедено дво-третинско мнозинство за гласање за уставните измени но вели дека ќе стори с’е, да се обезбеди дво-третинско мнозинство.

„Но уште еднаш напоменувам дека јас сум оптимист“- изјави Заев.

Пред нова Година, лидерот на Беас Биљал Касами го предупреди премиерот да размисли за барањата на оваа партија.