Бучковски: Заев ќе плати за тоа што го прави

Екс премиерот Владо Бучковски во вестите на Канал 5 изјави дека актуелниот шеф на македонската Влада, Зоран Заев, ќе плати голема политичка цена со законот за амнестија.
Според Бучковски кој замина од СДСМ и ја формираше партијата Позитивна Македонија по што пак се врати кај социјалдемократите вели дека законот со кој пред Нова Година им овозможи ослободување на обвиненијата на 15-мина инволвирани во упадот на Собранието на 27 април, ќе му пресуди на Заев.



Според Бучковски кој е професор на правниот факултет сега било поважно да се смени уставот отколку да се почитува владеењето на правото.

“Како политичар кој надвор гради добар имиџ на државата, тој е свесен дека ќе плати политичка цена, но тоа е единствен начин да обезбеди плус три пратеници за уставните измени. Овој исход секако води пред принципите на владеење на правото”, – рече Бучковски на Канал 5.

Екс-премиерот рече дека во редовни ситуации ваквата законска амнестија бара подетална анализа и голем број на собири и дебати на правни експерти, но вонредната ситуација барала побрзо делување во кое се прават и грешки.