Хрватската европратеничка Маријана Петир во сублиматот на своите постигнувања во годината што измина ги вброи и наградите „македонски сенатор“ и „македонско пријателство“.

„Им благодарам на Обединета македонска дијаспора и на Светски македонски конгрес за наградите што ми ги врачија тие две организации. Овие две признанија за мене се посебен знак на блискост и на пријателство со македонскиот народ. Последните години за Република Македонија не беа ни малку лесни, жал ми е што ЕУ ја доведе Македонија во таа неправедна ситуација и што пропушти да ги заштити граѓаните на Македонија и да ја прегрне Македонија како членка на европското семејство на кое отсекогаш и му припаѓала. Јас и понатаму навивам за Македонија и се надевам за скорешно отстранување на сите пречки и отворање преговори – без услови и компромиси“, вели Петир.
Основачката и шефица на Група пријатели на Македонија во Европски парламент до крајот на февруари минатата година, кога Владата на Заев ја смени и на нејзино место го постави Холанѓанецот Ханс ван Бален, меѓу своите достигнувања во 2018 година ја наведува и изложбата за Мајка Тереза во ЕП.





