Четворица баратели на азил од Авганистан, Иран и Сирија викендов шетале низ баварскиот град Амберг и притоа физички напаѓале минувачи – 12 лица биле повредени.
По инцидентот во Германија повторно се разви дебата за заострување на законските мерки за полесно протерување на странци сторители на кривични дела.
„Кандидатите кои бараат азил и кои извршиле злосторства мора да ја напушти нашата земја. И ако постојните закони не се доволни, тогаш тие мора да се променат“, изјави министерот за внатрешни работи, Хорст Зехофер за весникот Билд.
„Настаните во Амберг се многу вознемирувачки. Тие се насилни испади кои не може да се толерираат“, додаде Зехофер кој уште од летово најави поостра законска регулатива за овие случаи.
Рајнер Вендт, шеф на полицискиот синдикат на германските синдикати ги знае мотивите за ваквото однесување на азилантите:
„Велат дека не знаат кој е мотивот на овие млади лица кои бараат азил, а јас ќе ви го кажам мотивот. Тоа е голема омраза кон државата и граѓаните на оваа земја. Оваа четворица можат да бидат на слобода само кога нвната ногаќе стапне на почва на земјата од која што дошле“, вели Вендт.





