Ципрас не сака вонредни избори

И покрај шпекулациите за вонредни избори, грчкиот премиер, на новогодишната средба со новинарите инсистирал на тоа дека дека следните национални избори ќе се одржат во редовниот термин – во октомври 2019 година.



„Барам датум во тој месец“,  изјави Алексис Ципрас за време на новогодишната прослава во неговата официјална резиденција.

Грција, исто така, ќе излезе на гласање на локални, регионални и европски избори кои заедно ќе се одржат во мај.

Имаше шпекулации, дека националните избори исто така би можеле да се одржат на истиот датум.

Премиерот рече дека не уште не одлучил дали ќе го поднесе договорот за името од Преспа пред март на ратификација во парламентот.