Доколку владеачката коалиција не ги прифати уставните барања на Алијансата за Албанците кои што претседателот на партијата ги предложи во Собранието Зијадин Села може да биде кандидиран за претседател на Македонија.
Ова е иницијатива доаѓа од неколку локални ограноци на партијата кои што сметаат дека пратениците на Алијансата не смеат да гласаат за промените на уставот ако со нив се врши нова дискриминација на Албанците кои ќе бидат претставени како % а не како Албанци како државотворен народ.
Иницијаторите велат дека државата треба да биде на Македонците и Албанците и сите други граѓани а не само на Македонците и малцинствата.
Од друга страна раководството на партијата смета дека претседателските избори се добра прилика јавноста да види дека ДУИ е партија која ја губи силата и дека расте поддршката за партијата на Села.
Партиски извори анализираат дека меѓу 100 илјади луѓе што би го дале својот глас за Села ќе има симпатизери на Алијансата, БЕСА но и многу други гласачи што се незадоволни од ДУИ и Владата.
Алијансата игра и на карта на политичка трговија затоа што во вториот круг од изборите за претседател низ преговори за поддршка на некој од кандидатите ќе може да обезбеди подобри услови за Албанците во Македонија.





