Од денес, 1  јануари 2019 година, САД и Израел веќе не се членови на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО).



Двете земји прво ја објавија својата намера да ја напуштат институцијата во октомври 2017 година,  а како аргумент г ја „посочува континуираната предрасуда против Израел“.

САД и Израел особено се спротивставија на одлуката на УНЕСКО да ја прифати Палестина како земја членка во 2011 година и да ги вклучи во својата листа и во списокот на светско наследство да вклучи три локации на палестинска територија.

САД предизвика реакции и критики во светот со одлуката американската амбасада да ја префрлат од Тела Авив во Ерусалим.