Не е сè завршено околу Преспански договор, вели Павлопулос

Единство на грчкиот народ во остварување на националните цели им посака на сограѓаните, претседателот на на Грција, Прокопис Павлопулос во новогодишната порака.



За Македонија – пјРМ според него – тој рече дека Грција ја поддржува перспективата во НАТО и во Европската унија, пренесе „То Вима“.

Но, постети дека постои важен предуслов:  Решавање на прашањето за името во согласност со историјата и меѓународното право.

https://www.tovima.gr/2018/12/31/politics/aystiro-minyma-paylopoulou-se-tourkia-pgdm-kai-alvania?

„ За да го направи ова, нашата соседна земја, исто така, мора да ги донесе неопходните промени во својот правен поредок, пред сè во својот устав. Всушност, тие ја презедоа оваа обврска. Затоа, со нетрпение го очекуваме негово исполнување. Само кога овој процес ќе биде дефинитивно завршен, и кога ќе се утврди дека уставната ревизија ги вклучува сите гаранции за кои претходно зборував, може да има покана за членство во НАТО, како и отворање на дискусии за нејзиниот курс кон Европската унија“ рече Павлопулос.

Грчкиот претседател уште еднаш потсети дека не се прифатливи произволни толкувања на Преспанскиот договор, „особено поради одредени неточни изјави од претставниците на пјРМ“.

„Впрочем, ништо не е завршено“ вели Павлопулос.