Дел од жителите на населбата Диво насеље во Куманово се жалат дека неправедно биле изоставени од списоците за обесштетување од по 100 илјада денари за настаните од 9 и 10 мај 2015 година.



Тие се сомневаат на начинот на распределба на средствата што ги вети владата не била праведна, дознава Алсат М. .

„Владата на Република Македонија додели по 100 илјада денари за секое иселено семејство. Фактички, полицијата не исели од тука“ се жали еден жител.

Пратеникот Ејуп Алими, кој претседаваше со тогашната Комисија за проценка на штетите за Алсат М изјави дека комисијата правилно ги обесштети сите погодени семејства, кои биле пријавени во рок од две недели.