Жидас Даскаловски: Ни треба ли ЕУ со мртва демократија и сменето име?

Професорот Жидас Даскаловски го поставува јавно прашањето што деновиве на различни начини си го поставуваат огромен број Македонци: Дали Македонија треба да се бори за влез во Европската Унија ако во таа битка добие мртва демократија и го загуби името.



“Правосудство. Извршна власт. Законодавство. Три делови од власта во Македонија синхронизирани за ослободување криминалци и наместени луѓе.

Јасно авторитарно правило. Се за да се поддржи Преспанскиот договор и за да почнат преговори за влез во ЕУ.

Но, дали нам ни треба ЕУ ако е демократијата мртва а името сменето”, прашува професорот кој важи за силен поддржувач на проевропски политики и кој бил дел од низа проекти преку кои Македонија се приближувала до европските правила.