Македонците од Европа огорчени од цинизмот на власта кон Иванов

По повод вчерашниот говор на претседателот Ѓорге Иванов во македонското собрание , координативното тело на македонската дијаспора од Европа го поздравува ангажманот и определениот јасен став на претседателот Иванов во одбраната на уставот и македонските интереси.



Како што доликува на државник кој е единствениот легитимен избран преставник на македонскиот народ, претседателот недвосмислено ги посочи неговите трајни заложби за зачувување на уставот и на македонските национални интереси, порачуваат од КТМДЕ .

Македонците од Европа се крајно огорчени и револтирани од непрофесионалното и нечовечко однесување на владините пратеници и нивниот арогантен и цинички став према институцијата претседател на државата.

“Во исто време, ја изразуваме нашата силна подршка и определеност во борбата за не минување на уставот и негласање на предвидените уставни промени, со цел менување на името и губење на македонскиот идентитет”, вели Координативно тело на македонската дијаспора од Европа.