Бараат Википедија на црногорски – не им даваат

Јазичнатата комисија на  Википедија (Ланг) даде негативно мислење на барањето да се воспостави и црногорско издание на овој сајт, покрај постојните српски, хрватски и босански.



Експертите сметаат дека црногорскиот јазик како и српскиот, хрватскиот и босанскиот, е гранка на српско-хрватски јазик кој е разбирлив во сите четири земји, пренесува РТЦГ.

Публицистот Слободан Јовановиќ, кој е дел од тричлениот тим на  задолжен за воспоставување на Википедија и на црногорски јазик, вели дека „ова го сметаме за дискриминација“.

За да се надмине оваа ситуација, и со оглед на фактот дека е невозможно да се промени ставот јазична комисија, екипата на Црна Гора директно и со поддршка на црногорските институции, ќе се обрати до основачот на Википедија, пренесува б92.