Шест недели откако пред Собранието организираа протест против промена на уставот движењето #Бојкотирам денеска организира нов народен собир на кој покрај уставното име главна тема е и законот за амнестија.
Протестот ќе се случи денеска со почеток во 14 часот, овој пат пред владата на Република Македонија.
Предходниот протест закажан пред десетина дена беше откажан откако владата ја поништи дозволата за протест уредно најавен и одобрен од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.





