Заев, децата и политичкиот маркетинг (ФОТО)

“Супер новогодишна дружба со дечињата од ООУ „Братство“ во библиотеката „Браќа Миладиновци“. Ја читавме сказната „Писмо од Фантазија“ и се договоривме дека за време на зимскиот распуст ќе ги прочитаат книгите што им ги подаривме како новогодишни пакетчиња”, напиша премиерот Заев на својот Твитер профил за средбата со педесетина ученици.



Заев кој во неколку наврати предходно го обвинуваше Груевски дека прави политичка манипулација сликајќи се со деца сега го прави истото.

Доколку родителите на децата не дале писмена дозвола за нивно фотографираље Заев може да се соочи со правни и етички консеквенци за инволвирање на деца во политичка кампања како премиер но и како потенцијален кандидат за претседател на Македонија.

Зошто Заев би им читал приказни на деца во ситуација кога правниот систем е пред колапс е второто прашање кое се наметнува кога ќе се види неприродното селфи на премиерот со децата кои во најголем дел не разбираат што им се случува.