Во скопската населба Ѓорче Петров вечерва се случи убиство кое го потресе Скопје.
Како што објави Пресс24 убиениот вечерва бил застрелан со еден куршум во главата.
Според повеќе медиуми убиството се случило на улицата Шарпланинска во близина на Касарната на АРМ кога од возило Пасат во движење било пукано на убиениот.
Полициски единици се уште врши претрага на теренот и вршат проверка на возила низ главниот град.
Ниту МВР ниту медиумите засега не даваат повеќе детали за настанот, за идентитетот и мотивите на напаѓачите.
Засилено полициско присуство вечерва е забележано и пред владата но засега нема индиции дека полициските возила на Илинденска се поврзани со убиството во Ѓорче Петров.




