Судијката Добрила Кацарска која го води предметот за 27 април барала полициска заштита од претседателот на скопскиот кривичен суд Џолев, тврди еден од основачите на движењето #Бојкотирам Горан Костовски.
Според него Кацарска била судијата врз која се вршел притисок од амбасадата на САД за да ги донесе амнестиите, а притисокот го вршел лично претседателот Иван Џолев во име на амбасадорот Бејли.
“Затоа писмото е до него, Џолев сакал да ја заштити својата братучедка Васка Масевска која е раководител на одделот за организиран криминал и која сега е приморана да ги потпише амнестиите”, тврди Костовски кој користи хаштаг #Апсаана со порака “Апаши од картелот Северна!!!”
Според Костовски Кацарска се жалела дека Џолев врши притисок врз неа во име на амбасадорот Бејли да ги потпише амнестиите што оваа одбила да го направи.
“На крај од немајкаде братучедката на Џолев, Васка Масевска била приморана да ги потпише. #Апсаана за сите набрзо… “, тврди еден од основачите и активист на #Бојкотирам.





