Богоевски гласал за амнестија за да се промени името

„Кога сфатив дека нема што друго да се направи за да се добијат 80 гласа за уставните промени, тогаш го променив ставот за амнестијата“, вели Павле Богоевски во интервју за Макфакс.



Но, тој вели дека неговиот став за настаните од 27 април не е променет и тој не ги одобрува. Сепак, како пшто вели не знаел дека помирувањето ќе резултира со амнестија.

Во моментот немав информации дека помирувањето ќе резултира со амнестија. Мојот став за 27 не е променет, мислам дека е срам тоа што е направено. Јас се извинувам, но ниту еден одделен став ниту една репутација не е вредна за да се помине во изолација“, вели тој и додава дека со пратеникот Крсто Мукоски не разговара, а со Сашо Василевски само се поздравува.