Цуцуловски: Не се кусок 4 гласови, туку вишок албански барања

„Дали сега работите стануваат појасни? Не станува збор за кусок на 4 гласа за да се изгласаат уставните промени. Нив власта ги имаше кога се одлучуваше за отварање на уставните промени, како што и сега ги има. Меѓутоа, мора да се создаде впечаток дека ги нема и дека, токму затоа, мора да се попушти пред барањата на албанскиот политички фактор“ – пишува професорот Љубомир Цуцуловски на неговиот Фејсбук по информациите дека доведено било во прашање изгласувањето на уставните промени, бидејќи за нив ќе гласале само 76 пратеници. Итроштини вели Цуцуловски:



„Меѓу нив нема да бидат само барањата од Тиранската платформа, туку (најверојатно) и уставна промена со која претседателот на државата нема да биде биран на непосредни граѓански избори (како досега), туку во Собранието. На тој начин, се постигнуваат барем два ефекта.

(1) Владеачкото собраниско мнозинство (наместо граѓаните) ќе има целосна контрола над претседателот на државата, бидејќи ќе биде нивен избраник/послушник и, од друга страна, ќе биде сведен на безгласна кралица.

(2) Со посреден избор на претседателот на државата се овозможуваат и други нешта. Помеѓу нив, е можноста за претседател да биде избран Албанец, што само по себе не е проблематично, доколку е избран на непосредни избори, а не како резултат на политички пазар/хазард во Собранието. Вториот ефект е во следново: ако претседателот се бира на непосредни избори, тогаш посредно ќе се знае (барем апроксимативно) каков е (во проценти) етничкиот состав на Република Македонија. Бидејќи тоа некому не одговара, тогаш најпрагматично е изборот да се врши во Собранието и никогаш не ќе се знае етничкиот состав на Р.М“ пишува Цуцуловски.

Целиут ФБ статус на следниот ЛИНК.