Реагираше советникот на Заев што го навреди Стојанче Стоилов

Советникот на премиерот Зоран Заев што го навреди Стојанче Стојанов се извини за етикетата дека ракометарот е нестабилен.



Советникот за мултикултура во кабинетот на Заев не смета дека вчера на манифестацијата, која Стоилов ја напушти поради двојазичност, имало нестабилни личности.

„Со оглед на тоа дека некои портали ги злоупотребија моите коментари во врска со вчерашната манифестација за избор на спортист на годината и напуштањето на Стоилов, сакам да заклучам со следните зборови:

Мое лично мислење е дека манифестацијата ‘Избор на најдобрите во спортот во 2018 година’ заслужува почит, пред се заради спортистите кои ги бранат боите на клубовите и на Македонија.

Не мислам дека кој било од присутните е нестабилен како човек и се извинувам доколку сум бил погрешно разбран.

Сметам дека Агенцијата за млади и спорт одлично ја организираше целата манифестација и овозможи да се почитуваат демократските и интеркултурните вредности на секој спортист и спортски работник.

Честитки до сите добитници на наградите за спортист на годината во сите категории што беа доделени“, пишува Земон на својот фејсбук профил.

Советник на Заев го прогласи Стојанче Стоилов за егоцентрик и „ментално нестабилен“