Камчев и Панделески одат во куќен притвор

Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје донесе одлуки обвинетите Орце Камчев и Цветан Панделески да излезат од притвор во Шутка и им одреди мерка куќен притвор.



Мерка куќен притвор е побарано и за Сашо Мијалков кој, како и Камчев и Панделески, е обвинет во случајот „Империја“.