Според албанскиот државен Институт за статистика, надвор од Албанија живеат 1,6 милиони албански државјани – 825.000 или 53 отсто мажи, а 755.600 жени.
Според податоци од пописот во 2011 година, Албанија има 2.821.977 жители, а податоци од лани покажуваат дека во земјата има 2.876.591 жители.
Според „Еуростат“ од 2002, па до крајот на 2017, близу 330.000 албански државијани кои живеат надвор од земјата, земале државјанство на некоја земјите членки на ЕУ.
Најмногу, околу 150.000 албански граѓани добиле грчко, а околу 148.000 италијанско државјанство.
На трето место, според издаден државјанства на албански граѓани, е Велика Британија со 11.000, па Германија со 5.700.
Белгија во последните 15 години издала 5.000 државјанства на граѓани на Апбанија, Франција 3.400, а Шведска и Австрија по илјада.




