Во главниот град на Тунис избија немири по погребот на новинар кој се самозапали во знак на протест поради лошата економска ситуација и невработеноста.
Демонстрантите истакнуваат дека „Арапската пролет“ малку се промени и дека условите за живеење стануваат с’е потешки.
Таканаречената „Арапска пролет“ кој на Запад беше оценета како обид за демократско будење во Арапскиот свет започна на 18 декември 2010 година кога Мухамед Буазизи, продавач на тезг, се самозапали откако му била конфискувани производите што гуи продавал, што предизвика бунт во целата земја против широко распространетата корупција.
Протестите „спонтано“ се шроширија во Алжир, Мароко, Јордан, Египет, Јемен, Оман, Судан, Сирија, Либија од кои некои добија димензии на „револуции“, или долгогодишна војна како во Сирија.





